Позната следната дестинација на Торес


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер, Фернандо Торес е се поблиску до заминување од Атлетико Мадрид, а негова следна дестинација веројатно ќе биде МЛС лигата.

Торес на почетокот на април најави дека по крајот на сезоната ќе си замине од Мадрид, а во моментов веќе има пет понуди од американската лига. Интерес за него има од Монтреал, Чикаго, Спортинг Сити, Сиетл и Њујорк Сити.

Во своите редови популарниот Ел Нињо го посакуваат и кинеските екипи, но Торес одлучил сепак да се пресели преку Океанот.