Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот од „Сан Сиро“ ќе го напушти Рикардо Монтоливо, Андреа Бертолаци и Жозе Маури, а сите тројца ќе заминат без никакви дополнителни трошоци.
Росонерите одлучија дека ниту еден од наведените фудбалери да не им понуди продолжување на соработката. Нивното време во клубот е завршено и ќе побараат нова средина.
Оваа сезона ноти еден од нив не е клучен играч за Милан. Монтоливо не запиша ниту еден настап, додека останатите одиграа вкупно 10 натпревари.
Меѓутоа, никој немаше значителен учинок. Затоа и не чуди што не се во плановите на клубот, па среќата ќе ја побараат на друго место.
Монтоливо во кариерата одигр 158 натпревари за Милан, Бертолаци во 54 го облече дресот на Росонерите, а Маури настапи во 20 натпревари.
Росонерите и без нив играат доста добро. Ќе се борат до крајот за пласман во Лигата на шампионите и за таа цел се блиску.