Познато името на првиот играч кој ќе го напушти ПСЖ по крајот на оваа сезона

Францускиот весник „Ле Паризиен“ пишува дека Томас Меуние ќе биде првиот играч на ПСЖ кој ќе си замине од клубот по крајот на оваа сезона.

Белгискиот репрезентативец има договор со парижаните до 2020 година и се уште не е влезен во преговори со клубот за продолжување на соработката.

Токму затоа 27 годишниот фудбалер  на лето ќе ја побара среќата во друг тим. Оваа сезона играчот не е најстандарден за ПСЖ и досега има стартувано на само 16 средби во Лига 1.

За него одреден период беше заинтересиран тимот на Манчестер Јунајтед, па не се исклучува можноста тој да се пресели на „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок.