Покетино пред натпреварот со Њукасл: До крајот има уште многу, можеме да ја освоиме Премиер лигата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино истакна дека е задоволен со тимот кој го има иако потенцираше дека сакал да донесе нов фудбалер овој преоден рок.

Се шпекулираше дека Тотенхем е заинтересиран за Батсуаи, меѓутоа од Челси одбиле да го пуштат својот напаѓач на заем во лутиот ривал за првите четири позиции на табелата.

„Неколку пати реков дека сакам да го засилам тимот, но ако тоа не е опција тогаш мора да работам со ова што го имам. Сакам да бидам јасен, бидејќи повеќе пати ги вртеа моите зборови и манипулираа со моите одговори. Задоволен сум со тимот кој го имам, но секогаш сум расположен да го подобрам. Иако не донесовме никој, не сум тажен“- коментираше Покетино.

Тотенхем моментално е трет на табелата со два бода помалку од второпласираниот Сити и седум помалку од лидерот Ливерпул.

„Ако ја видите табелата ќе видите дека уште сме тука. Останаа уште многу натпревари до крајот на сезоната. Ние прво ќе се обидеме да го победиме Њукасл и да освоиме три бода. Тоа ќе го правиме и во наредните натпревари, па ќе видиме каде ќе завршиме. Ако ја освоиме Премиер лигата тоа нема да биде поради тоа што бевме подготвени, туку затоа што некои работи така се случиле“ –заврши Покетино.