Полицијата ги спречи хулиганите на Борусија да направат хаос во Дармштад!

Околу 90 навивачи на Борусија Дортмунд беа спречени да отпатуваат во Дармштад, бидејќи тие планирале да направат проблеми.

Полицијата на државата Хесен соопшти дека сопрела 2 автобуси кои ги превезувале навивачите на Борусија и дека кај нив нашла маски, боксирачи, лекови против болки и знамиња на Драмштад.

„Беше јасно дека сакаа да заминат во Дармштад од други причини, а не сакаа да гледаат фудбал.“

ФС на Германија во еден натпревар ја затвори јужната трибина на Борусија, на која беа сместени најголемите навивачи и да го казни клубот со 100.000 евра поради проблемите на претходните натпревари.

Борусија изгуби од Дармштад со 1:2.