Полските медиуми открија: Позната судбината на Левандовски


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Роберт Левандовски постојано се споменуваше како можно засилување на Реал Мадрид минатото лето, но остана во Минхен.

    Тука ќе остане и до 2021. година, барем доколку можеме да веруваме на полските медиуми кои тврдат дека нивниот репрезентативец договорил продолжување на соработката со Баерн.

    Според новиот договор одличниот напаѓач ќе заработува дури 15 милиони евра годишно. Сегашниот договор му истекува во 2019. година, а веќе неколку месеци неговиот агент и лидерите на Баерн преговараат.

    Баварците имаат во план да го задржат еден од најдобрите напаѓачи во светот уште подолго.