Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Возачот на Јамаха, Роси освои пол позиција во Јапонија.
Тој дојде до 3-та пол позиција во сезоната, а 64-та во кариерата, со време од 1:43.954.
Квалификациите во Мотеџи беа возбудливи, особено по падот на Лоренцо во текот на тренингот. Шпанецот мораше да биде префрлен со хеликоптер во болница на преглед на главата, каде што беше потврдено дека нема никакви повреди.
Во борба за пол позиција со Роси учествуваа Маркез и Лоренцо, а помладиот од Шпанците му се доближи најблиску.
На почетокот на стартниот ред ќе се најдат и Довициозо од Дукати, пред Крачлоу и Еспаргаро.