Пол Сколс во следниве 24 часа за прв пат ќе седне на тренерско столче


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Пол Сколс во следните 24 часа и официјално ќе биде претставен како нов предводник на Олдам Атлетик.

Веќе подолг период е договорено Сколс да го предводи тимот на Олдам, но од ФА не дозволија вакво нешто се додека не се испитаат сите детали поради постоење на можен конфликт на итнереси.

Познато е дека Сколс е сопственик на 10% од акциите во клубот Салфорд Сити кој се натпреварува во Националната лига и се бори за промоција во четвртата по ранг лига во Англија, „Лига Ту“ во која во моментов настапува Олдам.

„Скај Спортс“ дознава дека проблемите се надминати така што Сколс нема да може да купува, ниту да продава играчи во Салфорд Сити.