Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ важи за еден од најдобрите фудбалери. Неговиот животен пат не беше ниту малку лесен.
Тој беше гладен, имаше проблеми, но и покрај се тој сакаше најмногу да игра фудбал.
Не се откажуваше кога беше најтешко, па најверојатно и затоа е еден од најдобрите.
За него важи правилото, дека е некој кој не знае да постигне лош гол. Поучен од животот, имаше порака за сите тие кои се двоумат да се откажат од својот сон.
„Сите мислеа дека ќе ја завршам кариерата во Париз, но јас не. Бидејќи никој не ме познава толку добро, колку што се познавам јас самиот. Цел свој живот се борам, никој не веруваше во мене, па јас поради тоа бев приморан да верувам во себе.“
„Многумина сакаа да ме скршат, но ме направија само посилен. Имаше и такви кои сакаа да ме уништат, но јас бев попаметен од нив. И кога сите мислеа дека е крај, јас продолжив понатаму. На сите имам нешто да им кажам, а тоа е дека не сум како сите останати, јас сум Златан Ибрахимовиќ.“
Пред Јунајтед, Ибра го носеше дресот на Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ.