Поранешна норвешка светска и олимписка шампиона пронајдена мртва во Норвешка


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Норвежанката Вибеке Скофтеруд била пронајдена мртва на еден остров на југот на Норвешка.

Нејзиното исчезнување било пријавено во саботата, а неколку часа подоцна било пронајдено нејзиното тело, а најверојатно починала при несреќа со џет-ски.

„Вибеке беше неверојатна скијачка и голема личност. Ќе не недостига премногу“, кажа претседателот на Норвешкиот скијачки сојуз, Ерик Росте.