Португалија ја совлада Србија во воведниот натпревар во нашата група

Португалија ја оправда улогата фаворит на дуелот со Србија и славеше во првиот натпревар од групата Б од Европското првенство за млади во која се наоѓа и нашата репрезентација.

Во текот на целиот натпревар се играше израмнет фудбал, а Португалците до победа дојдоа со головите на Гонзало Гуедеш кој ја искористи грешката на српскиот чувар на мрежата Вања Милинковиќ-Савиќ, и капитенот Фернандеш кој стави точка во 88 минута.

Португалија во второто игра со Шпанија, додека пак Србија ќе се сретне со нашата репрезентација.

Вториот натпревар од групата Б помеѓу Македонија и Шпанија е со почеток од 20:45 часот.