Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Двата порази на стартот не ја спречија Цибулкова во нејзините намери да дојде до што е можно подобар резултат на турнирот во Сингапур.
Напротив, таа со триумф против Халеп стигна до ½-финале, а потоа ја изненади тениската јавност и дојде до титулата на Мастерсот во Сингапур.
Во ½-финалето Цибулкова беше подобра од Кербер.
„Ова е најголем успех во мојата кариера, најважен трофеј кој сум го освоила. Секако ова е посебен ден во мојот живот.“
„Во групата имав 2 порази, меѓу останатото и од Анџелика, но знаев да играм добро и бев психички силна. На крајот големата упорност се исплатеше.“
За Цибулкова ова беше 4-ти трофеј во сезоната, а 8-ми во кариерата.
Годината ќе ја заврши на 6-то место на ВТА листата.