Потврда и од ЕХФ, Охрид двата натпревари со Порто ќе ги игра во гости


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометниот клуб Охрид по историскиот успех против Крас Волендам во првото квалификациско коло од ЕХФ Купот, во второто коло ќе се сретне со далеку подобриот тим на Порто.

Португалците ќе бидат домаќини на двата натпревари кои на програмата ќе бидат на 14 и 15 октомври со почеток од 15 часот.

Избраниците на Андоновски претходно беа домаќини на холандскиот Волендам во „Билјанини Извори“ и излегоа како победник од тој двомеч.