По добрите, следуваат и повеќе од лоши вести за Каталонците?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познато е дека Самуел Умтити им се приклучи на своите соиграчи во Барселона, откако во Катар закрепнуваше од незгодната повреда на коленото.

Французинот се надева дека би можел да заигра на 19. февруари против Лион во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите, но во Барселона не се сигурни кога ќе биде подготвен за враќање на терен.

Потоа, клубот од „Камп Ноу“ потврди и дека играчот за врска, Артур Мело доживеа повреда на задната ложа и дека го очеква пауза.

Бразилецот,кој се смести во поставата на Каталонците, надвор од теренот ќе мине околу три до четири недели.

Тоа значи дека на теренот ќе се врати кон почетокот на март, ќе ги пропушти дуелите со Билбао, Валјадолид и Севиља во лигата, како и со Лион во Лигата на шампионите, додека најверојатно во тимот нема да биде ниту за реваншот од полуфиналето во Купот на Кралевите со мадридски Реал.

Би можел да се најде во тимот за четвртото „Ел Класико“, веројатно и последно за оваа сезона, во рамките на Примера кое е на програмата на 2. март.