„По Ролан Гарос рацете ни беа врзани“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тренерот на Ѓоковиќ, Бекер изјави дека освојувањето на Ролан Гарос предизвикал пад во формата на тенисерот.

    Откако победи во Париз, тој во наредните 7 турнири, успеа да освои само 1.

    „Првите 6 месеци беа неверојатни. Врвот беше титулата во Ролан Гарос и освојување на четвртиот Грен Слем во низа. Тоа никој не го направил од 1969 година и тој играч се викаше Род Лејвер. Нормално е дека му падна мотивацијата потоа, се концентрираше на други проблеми надвор од теренот.“

    Легендарниот Германец како важен фактор за падот вели дека се и недостатокот на Федерер и Надал.

    „Новак повеќе немаше противници. Неговото време беше со Надал и Федерер. Енди секогаш беше 4-ти играч. Новак ги изгуби своите ривали, а Мареј покажа нешто што претходно немаше покажано.“