Прандели од новиот газда бара три засилувања за јануари!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Чезаре Прандели вечерва стана нов тренер на Валенсија, а медиумите на Апенините уште вчера го објавија списокот на неговите желби за јануари.

    Чезаре Прандели потпиша двегодишна соработка со Слепите Лилјаци.

    То текот на нивниот разговор тема биле и засилувањата во претстојниот преоден рок, а според сознанијата на италијанските медиуми Прандели има три желби.

    Тоа се Фелипе Мело и Стеван Јовитиќ од Интер и Џанлука Лападула, напаѓач кој во воа лето стигна во Милан од Пескара.

    Италијанскиот стручнак очигледно смета дека конкуренцијата во нападот мора да биде посилна бидејќи после заминувањето на Пако Алкасер во Барселона недостасува ефикасност.

    Кога се работи за Мело, тој е негов проверен пулен, бидејќи го тренираше во Фиорентина и Галатасарај.