Првата средба на Рамос и Енрике не била таква каква што сите очекувале (ВИДЕО)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, неодамна седна на клупата на Шпанија, а во првиот натпревар запиша победа на гостувањето кај Англија во Лигата на нации.

Шпанија се соочуваше со големи проблеми во претходните месеци, откако Хулен Лопетеги доби отказ, но очигледно сега работите се средени.

Многу интересна средба имаа Енрике и Серхио Рамос, кои претходно не беа во најдобри односи поради Реал Мадрид и Барселона, но очигледно тоа не е повеќе така.