Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на ПСЖ го освои францускиот Суперкуп откако со високи 4:0 го демолираше најголемиот конкурент за титулата, Монако.
Томас Тухел го комбинираше составот во отсуство на некои од поголемите ѕвезди, но тоа не им пречеше да стигнат до убедлива победа на клубот од Кнежевството.
За ПСЖ во тимот сепак играа големи ѕвезди како Буфон, Силва, Верати, Рабио и Ди Марија што на крајот се покажа како клучно за освојувањето на првиот трофеј оваа сезона.
Серијата голови ја отвори Анхел Ди Мариа во 33. минута откако прекрасно погоди од слободен удар. Седум минути подоцна нов гол во мрежата на Монако. Овој пат стрелец е Нкунку за предност од 2:0.
Со овој резултат се замина на пауза, а во продолжение ПСЖ ја затресе мрежата на Монако уште два пати. Младиот Тимоти Веа погоди за 3:0, а конечниот резултат го постави Ди Марија во 92. минута од средбата.