Пред неколку сезони го запалија „Football Manager“: Каде ли се сега овие играчи?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во продолжение ќе се запознаете со имињата кои беа неверојатни во популарната игра пред точно 7 години.

    1. Силвио Лунг(Голман) – Тогаш настапуваше за Краиова,денес во Астра

    Лунг беше најдобар меѓу младите голмани во популарната игра од 2010 година. Симулацијата го оцени како ветувачки, а многу клубови во неа се бореа за него, сепак во реалност тој не го исполни неговиот потенцијал.

    1. Давид Сантон(Лев Бек) – Сеуште игра за Интер

    Оценет како неверојатен талент, Сантон беше одличен 21-годишен бек од кој сите очекуваа големи работи. Сепак, во реалноста работите не одеа како што треба за него, па тој по 4 години во Њукасл се врати во Интер.

    1. Езекуиел Муњоз(Стопер) – Тогаш играше за Бока Јуниорс, а сега за Џенова

    Јужна Америка е дефинитивно вечен рај за неоткриени мегаталенети кои во играта може да ги донесете на стариот континент за малку пари. Еден од таквите во 2010 година беше Езекуиел Муњоз, млад стоепр на Бока Јуниорс. Тој во реалност во 2010 година премина во Палермо, преку кој во 5 години стигна до Џенова. Сеуште не се покажа како материјал за Барселона како во играта, но кој знае, тој има 26 години.

    1. Николас Отаменди(Стопер) – Тогаш во Велез, денес во Манчестер Сити

    Без оглед на тоа што мислеа за неговата кариера во Манчестер, Отаменди засега е прв на оваа листа кој во целосно ја оствари проектираната кариера од играта. Во 2010 година беше во составот во репрезентацијата на Аргентина за СП во Јужна Африка, а во меѓувреме преку Порто и Валенсија стигна до Манчестер Сити.

    1. Себастијан Корчија(Десен Бек) – Тогаш во Ле Манс, сега во Лил

    Првокласен десен бек во играта, но во реалност тој не напредуваше воопшто. Меѓутоа, по се изгледа дека ова му е важна година. И покрај фактот дека настапува за Лил кој оваа сезона се мачи, 26-годишниот бек е едно од ретките светли точки на тимот, а доби и дебитантски повик во француската фудбалска репрезентација.

    1. Јан М`Вила(Дефанзивен играч за врска) – Тогап во Рен, сега во Рубин Казан

    Ако баравте млад играч во средниот ред, тогаш во 2010 година не требаше да барате ништо повеќе од младиот М`Вила од Рен. Низ годините не стана баш новиот Патрик Виеира, но помеѓу останатото се покажа како солидно решение и во ПЛ, каде минатата година ја помина на позајмица во Сандерленд.

    1. Мартин Галаван(Креативен играч за врска) – Тогаш во Круз Азул, денес во Рејнос

    Овој Мексиканец во 2010 беше еден од тие тинејџери кои секој сакаше да ги развие во одлични играчи за најголемите цели. Иако подеднакво добра вест беше тоа што тој играше добро и во редот за врска и во нападот, Галван никогаш не успеа во реалност. Галван во моментов игра во второлигаш од Мексико.

    1. Софиане Фехули(Десно крило) – Тогаш во Гренобле, денес во Вест Хем

    Иако не беше во ранг на Нејмар, Крост и слични за кои можеше да се каже дека 100% ќе станат светски играчи, тој во 2010 година како 19-годишен играч беше неверојатен, одлична техника, додавања и дриблинзи, а можеше да го донесете за малку пари. Така беше и во реалност, каде по преминувањето од Валенсија тој сеуште е во фаза на адаптација на Лондон и Вест Хем.

    1. Стеван Јоветиќ(Лево Крило) – Тогаш во Фиорентина, денес во Интер

    Најдобриот стрелец во историјата на црногорската фудбалска репрезентација, Јоветиќ беше мегаталент на Фиорентина како 20-годишен напаѓач, подготвен да ги „уништи“ сите во нападот. Во реалноста тој по одличните игри во Фиорентина се обиде да игра во Сити, но таму повредите и заминувањето на Манчини го вратија чекор назад.

    1. Ален Џагорев(Полушпиц) – Тогаш и ден денес во ЦСКА Москва

    Се зборуваше за него многу, беше најдобар млад напаѓач во играта, но Џагорев очигледно стана еден од тие играчи кои немаат намера да го менуваат дресот бидејќи им е добро во тимот. Веќе 9 сезони игра во ЦСКА Москва, односно повеќе од 200 натпревари.

    1. Федерико Македа(Напаѓач) – Тогаш во Манчестер Сити, денес во Нотингем Форест

    Се сеќавате ли на него? Еден од важните луѓе во освојувањето на титулата на Англија во 2009 година. Македа беше иднината за Јунајтед, сепак тој со годините не напредуваше и голем дел од времето поминуваше во второлигашки тимови и на позајмици.