Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пет натпревари се одиграа во терминот од 16:00 часот во англиската Премиер Лига, од кои на три триумфираа домашните екипи, две победи припаднаа на гостите и немаше ниту еден нерешен резултат.
Ливерпул на домашен терен го совлада тимот на Кристал Палас малку потешко од очекувањата. “Црвените” успеаја да извојуваат минимална победа од 1:0 со голот на Садио Мане во 73 минута. Повторно Ливерпул играше без Коутињо во составот, но овојпат за разлика од првото коло успеа да стигне до трите бода.
Трилер-натпревар се одигра на Ст. Мери стадионот, каде Саутемптон во последните моменти од натпреварот успеа да постигне гол од пенал за да стигне до победа од 3:2 над Вест Хем. Маноло Габиадини го отвори мечот со гол во 11 минута и Саутемптон поведе со 1:0, за само 20-на минути подоцна Арнаутовиќ од тимот на Вест Хем да добие директен црвен картон заради удар со лакт во лицето на противникот. Тадиќ од пенал го удвои водството на Саутемптон со удар од белата точка и тука се чинеше дека мечот е завршен за Вест Хем. Но, на сцена стапи мексиканскиот голгетер Чичарито Ернандез кој со два гола го врати својот тим во игра. Сепак, во 93 минута тимот на Саутемптон доби уште еден пенал и овојпат Чарли Остин беше прецизен за да донесе победа на својот тим и три бода на контото.
Комплетни резултати од натпреварите од 16:00 часот:
Ливерпул 1:0 Кристал Палас
Саутемптон 3:2 Вест Хем
Лестер 2:0 Брајтон
Барнли 0:1 ВБА
Бурнемут 0:2 Ватфорд