Пресврт во случајот со Азар, сега Белгиецот…


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Марка“ пренесува дека Еден Азар сега би можел да остане во Челси до истекот на неговиот договор.

Ова доаѓа по санкцијата која ја доби клубот од Лондон по која нема да може да прави трансфери во следните два трансфер периоди.

Бидејќи нема да бидат во можност да донесат негова замена до 2020 година, од Челси нема да брзаат за да го продадат својот најдобар играч и ќе се согласат да го пуштат без оштета во 2020 година кога неговиот договор со клубот ќе заврши.