Пресврт: Сега и Боатенг и Мегваер сакаат трансфер во Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според извори на „Скај Спортс“ играчите кои се поврзуваа со Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер и Жером Боатенг сакаат трансфер на „Театарот на соништата“.

Претходно неколку медиуми од Германија објавија дека Боатенг лично му посочил на Мурињо дека не сака да премине во Манчестер Јунајтед, но „Скај Спортс“ пред малку обелодени дека Германецот посакувал трансфер во Англија.

Истиот извор потврдува дека Мегваер сака да се пресели на „Олд Трафорд“ но од Манчестер Јунајтед одбиваат да платат 75 милиони фунти за неговите услуги.

Вчера била одбиена понуда на „ѓаволите“ во висина од 60 милиони фунти, нешто што наводно било горна граница за Манчестер Јунајтед.

Лестер се подготвува за заминувањето на Мегваер и веќе е пред трансфер на двајца централни дефанзивци од Динамо Загреб и Фрајбург.