Приказната на анонимниот селектор кој го освојува светот – Тивкиот водач кој го препороди Бразил!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Селекторот на Бразил, Тите ги предизвика најдобрите европски екипи, вклучувајќи го и светскиот шампион.

    Бразил има нов тренер кој „растури“ во јужноамериканските квалификации за СП – Тите беше 6 натпревари на клупата и победи во сите шест.

    Таа селекција е блиску до пласман на шампионатот, односно патот во Русија може да го обезбеди во наредните 2 натпревари, против Уругвај и Парагвај.

    Бразил нема да игра на Купот на конфедерации во 2017-та година, па така ќе мора на некое друго место да се загрева за Мундијалот во Русија.

    „Со оглед на тоа дека нема да играме на купот на конфедерации, ќе најдеме некој друг начин да ја почуствуваме жештината. Ајде да играме против Италија во гости, против Шпанија, Германија, Португалија.“

    Тој, исто така ја спомена и Англија и играње на „Вембли“.

    Тите е заинтересиран за натпревар против Германија, која го понижи Бразил на минатото СП со 7:1.

    „Првиот чекор е пријателски натпревар против нив, каде и да сакаат во Германија.“

    Репрезентацијата на Бразил откако ја превзема Тите стана се помалку зависна од ѕвездата на Барселона, Нејмар.

    „Ако Бразил зависи само од Нејмар, тогаш тоа е проблем. За Бразил, не за Нејмар. Бразил треба да се потпре на Нејмар, Кутињо, Даглас Коста… Но, потребна ни е тимска креативност.“

    Актуелниот претседател и два поранешни претседатели на ФС на Бразил се обвинети за корупција, а Тите верува дека сите кои се одговорни мора и да платат за тоа. Тој одби да зборува на таа тема.

    Тите во наредните неколку денови ќе биде на пат. Прво ќе го гледа „Ел Класико“, а потоа ќе ги гледа и бразилските ѕвезди кои играат за ПСЖ.

    Како што рече, негова главна инспирација е тренерот на Баерн од Минхен, Карло Анчелоти, кој му овозможи да ја гледа неговата работа додека беше на клупата на Реал во 2014 година.

    „Тимовите на Анчелоти се избалансирани. Се восхотувам на неговата работа.“

    Селекторот на Бразил на крајот изјави дека не размислува подалеку од СП 2018 година, но изјави дека наредните 19 месеци ќе бидат возбудливи.

    „Искрено, мене ми се оствари сонот. Се што дојде по Бразил, нема да биде поголемо.“