Примарните мети на Јирген Клоп – На списокот се петмина

Индепендент соопшти дека Јирген Клоп ја составил листата од пет фудбалери кои ги сака следната сезона во својот тим.

Црвените со една нога се во ЛШ, па потребно е тимот дополнително да се засили бидејќи ќе игра во европско натпреварување.

На листата се наоѓаат Рајан Сесењо, фудбалерот од Фулам кој изненади оваа сезона и кој со своите 16 години успеа да се пробие како еден од најдобрите леви бекови во лигата.

Тимо Вернер и Наби Кеита се исто така фудбалери кои се на мета на Ливерпул. Двајцата играат за Лајпциг, тимот кој е во голем пораст и развој, па прашање е дали Ливерпул ќе ги доведе бидејќи германците ќе бараат голема сума на пари. Вернер е напаѓач, а Кеита фудбалер за врска.

Ендрју Робертсон од Хал е исто така фудбалер кој би можел да допринесе во дефанзивата на Ливерпул во следната сезона. Се почесто се споменува неговиот трансфер на Енфилд.

Последниот во низа е Вирџин Ван Дајк од Саутемптон.