Проблеми за Арсенал: ФА почнува истрага против Емери!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Унај Емери би можел да се соочи со казна од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), откако против него беше почната постапка поради шутирање шише со вода во текот на мечот против Брајтон (1-1).

Шпанецот во еден момент се изнервира и го шутне шишето, кое погоди навивач на домаќините. веднаш по инцидентот Емери отиде до гледачот и се извини.

„Му реков дека ми е жал. Не го шутнав силно, но погоди еден навивач“, кажа шпанскиот експерт.

Поради сличен „прекршок“ поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо доби еден меч суспензија.