Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ќе пропушти три натпревари во кралскиот куп затоа што денес беше казнет поради исклучувањето кое го заработи на натпреварот во четврфиналето против Севиља.
Атлетико изгуби од Севиља со вкупен резултат 5:2 и така е елиминиран од кралскиот куп.
Менаџерот на клубот од Мадрид, Симеоне во реванш натпреварот, кој беше одигра во вторникот доби црвен картон во 82 минута.
Фудбалскиот сојуз на Шпанија наведе дека Симеоне е казнет со еден натпревар поради исклучување и со уште два поради кршење на член 117, а тоа се однесува на непочитување на судијата.