Проблеми за Клоп: Мора да ја менува формацијата на Ливерпул?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Германскиот тренер Јирген Клоп најверојатно во наредниот натпревар ќе ја смени формацијата на Ливерпул.

    Причина е повредата на Адам Лалана кој сеуште е повреден и без кого Ливерпул не може да постигне гол.

    Лалана досега пропушти 2 натпревари и тоа против Манчестер Јунајтед и Саутемптон, а два пати резултатот беше 0:0.

    Сепак, Клоп не смета дека токму неговото отсуство е главна причина поради тоа што Ливерпул не  постигна гол.

    „Натпреварите против Јунајтед и Саутемптон се поинакви. Не можете да ги споредите. Сите знаеме дека тој е одличен играч и дека е важен за нас, но не се врти се околу него. Не знам дали ќе излезам со истата формација на теренот.“

    Да потсетиме, Ливерпул и Сандерленд играат од 16:00 часот.