Продолжува „Кралската“ доминација во светот: Реал очекувано лесно против Ал Аин


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид ја освои својата четврта титула на Светското клупско првенство откако со 4:0 го совлада претставникот на Обединетите Арапски Емирати, Ал Аин.

Реал уште во 14. минута дојде до водство преку Лука Модриќ кој одлично биеше од далечина и го матираше противничкиот голман.

Со овој резултат се замина на одмор, а во вториот дел видовме вистински „дожд“ од голови.

Најпрво младиот Љоренте зголеми на 2:0, а потоа Рамос со глава погоди и за 3:0. Во 86. минута Ал Аин постигна утешителен погодок преку Шиотани, но само пет минути подоцна Надер за смести топката во својата мрежа за конечни 4:1.