Продолжува ремонтот во Арсенал: „Топчиите“ засилени со уште еден фудбалер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Арсенал денеска го потврдија и своето четврто засилување во името на Лукас Тореира кој доаѓа од Самдпорија.

22 годишниот фудбалер имаше одлични настапи за репрезентацијата на Уругвај на Светското првенство во Русија, а во Арсенал доаѓа како замена за Џек Вилшер.

Тореира во Лондон ќе го носи дресот со број 11, а на „топчиите“ ќе им се приклучи на почетокот на август откако доби заслужен одмор поради настапите на Мундијалот.

Претходно Арсенал своите редови ги засили со Стефан Лихштајнер, Бернд Лено и Сократис Папастатопулос.