„Проста“ математика: Розберг или Хамилтон?!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Ситуацијата сеуште не е позната, а кој ќе биде шампион во Ф1 ќе ни биде јасно по последната трка во Абу Даби.

    Розберг е пред својата прва шампионска титула во Ф1 додека Хамилтон може да стигне до својата 4-та титула, односно 3-та во серија.

    Бидејќи Нико Розберг во генералниот пласман во моментов е во водство, има 367 бодови односно 12 бодови повеќе од Луис Хамилтон кој е на второто место со 355 бодови, во продолжение следат пресметки кои кажуваат како Розберг би стигнал до својата прва титула во карирата во Ф1.

    Доколку на последната трка во овогодинешниот шампионат во Ф1, во Абу Даби до победа стигне Луис Хамилтон, тогаш на Нико Розберг ќе му биде доволно 3-то место за да стигне до титулата.

    Доколку Хамилтон заврши на втората позиција, тогаш на Розберг  ќе му биде доволно 6-то место за да стигне до титулата.

    Овде постои можност и би била малку интересна ситуација доколку Хамилтон заврши на 2-то место, а Розберг на 7-мо место, поточно во тој случај тие би се израмниле со бодови, па за тоа кој ќе биде шампион ќе се гледаат вкупниот број на победи на трките, а во тие рамки тие се израмнети, односно имаат по 9 победи, па затоа ќе се гледаат освоените 2-ри места, а ако завршат како што кажавме погоре, тогаш и во овој дел ќе бидат израмнети, па ќе се гледаат освоените 3-ти места, а во тој дел Хамилтон е подобар, па тој би бил шампион на крајот.

    Доколку Хамилтон заврши на 3-та позиција тогаш на Розберг ќе му биде доволна 8-та позиција за да стигне до својата прва шампионска титула.

    Ако Розберг не ја заврши трката, односно не успее да стигне до целта, тогаш Хамилтон би станал шампион ако стигне барем до 3-то место на трката во Абу Даби. Доколку заврши на 4-то место, тогаш би се израмнил со бодовите на Розберг, но бидејќи Розберг има повеќе 2-ри места на трките, тогаш тој ќе стане шампион.

    Кај останатиот дел од возачите во топ 10 не би требало да има поголеми измени, освен во борбата за 4-то место на кое во моментов се наоѓа Себастијан Фетел. Разликата помеѓу него и Макс Ферстапен во моментов изнесува 5 бодови.

    Доколку Ферстапен заврши на 1-та позиција во Абу Даби тогаш тој сигурно ќе заврши на 4-то место во генералниот пласман без оглед на позицијата на Фетел во Абу Даби.

    Доколку стигне до 2-то место во Абу Даби тогаш на Фетел ќе му биде потребно 3-то место за да остане на 4-та позиција во генералниот пласман.

    Најинтересно би било кога Ферстапен би завршил на 3-то место во Абу Даби, а Фетел на 5-та позиција, па тогаш ќе треба да се гледаат останатите резултати, а така Ферстапен е подобар во секој поглед од Фетел, па тогаш тој би го превземал 4-то место во генералниот пласман.

    Борбата во конструктори одамна е завршена, па топ 3 се веќе познати. На првото место е Мерцедес со 722 бодови, Ред Бул ќе остане на втората позиција со 446 бодови додека не 3-та позиција е Ферари со 375 бодови.

    Генерален пласман во Ф1:

    1.Нико Розберг – 367
    2. Луис Хамилтон – 355
    3. Даниел Рикардо – 246
    4. Себастијан Фетел – 197
    5. Макс Ферстапен – 192
    6. Кими Раиконен – 178
    7. Сергио Перез – 97
    8. Валтери Ботас – 85
    9. Нико Хилкенберг – 66
    10. Фернандо Алонсо – 53
    11. Фелипе Маса – 51
    12. Карлос Саинц – 46
    13. Ромеин Грожан – 29
    14. Данило Квајт – 25
    15. Џенсон Батон – 21
    16. Кевин Магнусен – 7
    17. Фелипе Наср – 2
    18. Џолион Палмер – 1
    19. Паскал Верлеин – 1
    20. Штофел Фандорне – 1
    21. Естебан Гутиерез – 0
    22. Маркус Ериксон – 0
    23. Естебан Окон – 0
    24. Рио Харианто – 0