„Професорот“ покажа интерес за новиот ангажман, одбра клуб, но има еден УСЛОВ?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсен Венгер е без ангажман откако минатото лето го напушти Арсенал, но неговото враќање на фудбалската сцена се очекува во секој момент.

Искусниот француски стратег го напушти Арсенал по 22 години минатото лето, и неговото место го презеде Унаи Емери.

Од тогаш, Венгер е без ангажман, се поврзуваше со голем број екипи, често беше пишувано дека би можел да го наследи Гатузо во Милан, но и самиот Французин ги демантираше наводите на медиумите.

ПСЖ оддамна му го понуди местото на спортски директор, или нешто налик на тоа, но Венгер не беше претерано заинтересиран.

Тоа изгледа се промени, како што пренесуваат француските медиуми, откако оствари средба со шеикот Ал Тание, неговиот интерес за преземање на директорската фотеља во Париз порасна.

Сепак, Венгер има и еден услов за Парижаните, доколку го сакаат во своите редови, ќе мора да го отпуштат актуелниот спортски директор, Антер Енрике.

Што се однесува до Тухел, нема ништо против неговото останување во клубот.