Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Каталонија пренесуваат дека од таборот на ПСЖ се сериозно заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ.
30 годишниот фудбалер важи за еден од најдобрите фудбалери на Барса, па токму затоа ПСЖ ќе треба да го „одврзе“ ќесето доколку сака да ги добие неговите услуги.
Наводно клубот од Париз е подготвен да испрати понуда во висина од околу 80 милиони евра, а на Хрватот да му понуди годишна плата од десет милиони евра, што би претставувало значително зголемување на платата со оглед на тоа што сега заработува 8.5 милиони евра годишно.