ПСЖ договори два играчи, но уште не може една голема ѕвезда?!

Францускиот клуб ПСЖ се обидува во завршницата на преодниот рок да ангажира неколку засилувања. Спортскиот директор Антер Енрике успеа да ги договори Хуан Бернат и Станислав Лоботка, но уште не може да се договори за Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Енрике прво имал состанок со словачкиот фудбалер кој го носел дресот на Селта. Лоботка е заинтересиран за премин во ПСЖ, само треба да се договорат за откупната сума.

Од друга страна, многу поголем предизвик за нив е Милинковиќ-Савиќ. Агентите Матеја Кежман и Зоран Векиќ имале разговори со Енрике, но тешко може да се очекува дека трансферот ќе биде реализиран летово.