ПСЖ договори уште едно засилување

Иако веќе сега има тим од соништата, челниците на ПСЖ не запираат на трансфер пазарот.

Овој пат, наместо да донесат светска ѕвезда од типот на Нејмар и Мбапе, парижаните се одлучија за инвестиција за иднината.

Имено, ПСЖ е во завршни преговори со 20 годишниот играч на Флуминенсе, Вендел. Во Париз младиот и талентиран фудбалер го гледаат како наследник на Тиаго Мота.