ПСЖ посакува фудбалер на Јувентус


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од редовите на Пари Сен Жермен го посакуваат левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро како замена за Лајвин Курзава кој веројатно ќе го напушти тимот ова лето.

Французите се подготвени да ги платат бараните 45 милиони евра со цел да ги обезбедат услугите на бразилскиот интернационалец.

Инаку, се поизвесно е дека Сандро ќе си замине од Јувентус по крајот на оваа сезона, а покрај ПСЖ за него интерес постои и од редовите на Челси и Манчестер Јунајтед.