До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Се повеќе се шпекулира дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ.
Шпекулациите ги подгреа и една изјава на талентираниот фудбалер кој призна дека му се допаѓа Премиер лигата и дека како мал бил голем фан на Манчестер Јунајтед.
„Да, бев фан на Манчестер Јунајтед. Дефинитивно бев нивен голем фан. Засега сум под договор со Дортмунд и не ги разгледувам другите можности, но да, одлично е да се слушнат тие шпекулации“- коментираше Пулишиќ во интервју за ЕСПН.
19 годишниот фудбалер изјави дека Премиер лигата е една неверојатна лига и дека во иднина би сакал да игра во Англија.















