Пјаниќ е недоприлив, само Роналдо и Дибала ќе имаат поголема плата


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Факт е дека Пјаниќ беше мета на великани како што се Манчестер Сити, Барса, Реал или Јунајтед, но исто така факт е дека и до Јуве не стигна понуда од 100 милиони евра, колку што бараа.

Меѓутоа, без разлика дали пристигна понуда или не, Јуве одлучи да не го продава и да го заштити со нов договор.

„Блиндираниот“ договор на Пјаниќ ќе му донесе околу седум милиони евра годишно. Со тоа ќе стане трет најплатен играч на Старата дама, после Роналди и Дибала. Инаку Игуаин е пред него но најрзо тој би требало да го напушти клубот.

Ако имаше дилеми околу заминување на Пјаниќ, Corriere сега ги тргна, сметајќи дека Пјаниќ во Торино ќе добие подобри услови, поголем мотив, предизвици и можност да игра со најдобриот играч во светот.