Рабио не потврдува дека ќе остане во Парис


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Адриен Рабио одби да потврди дека ќе остане во ПСЖ и следната сезона по интересот за него од страна на Барселона и Манчестер Јунајтед.

Французинот би можел да направи трансфер од „Паркот на Принцовите“ по крајот на Светското првенство и самиот призна дека не може да гарантира дека ќе остане во ПСЖ.

„Не знам дали ќе останам и по крајот на оваа сезона, ќе видиме. Засега сакам да уживам во секој момент и во секој трофеј со мојот клуб“ –изјави Рабио по победата во Куп де ла Лига против Монако.