Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се е појасно дека Еден Азар ќе го напушти Челси, а само прашање е што „Плавите“ на лето можат да извлечат од заминувањето на Белгиецот.
Две работи се јасни, тој нема намера да го продолжи договорот ако треба ќе остане уште една сезона и ќе замине како слободен играч, а другата е дека Реал нема да плати 100 милиони колку што бара Челси следното лето.
Медиумите во Англија се занимаваат со проценки што клубот од Лондон може да добие. Многу повеќе од парите ги интересира евентуално некои играчи како дел од спогодба, а Асенсио не е на маркет. Иско е, но само ако Солари остане, така што Герет Бејл би можел да биде опција.
Ќе зависи од Велшанецот, нема некоја посебна намера да се врати, доколку Реал не му каже дека на него не смета, а и тогаш би било прашање дали би прифатил Челси.
За потсетување, на лето пристигнува Пулишиќ кој ќе биде обид да се замени Белгиецот, но повеќето се согласуваат дека тоа не е иста класа на играч.
Бејл е интересна опција бидејќи би можеле да го искористат на што повеќе позиции, но ќе се прашува и тренерот, никој не верува дека Сати ќе остане на клупата…