Работнички подготовките ќе ги започне со натпревар против Славија


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Тимот на Работнички на 18 јуни ќе го одигра првиот пријателски натпревар против тимот на Славија Софија во Бугарија.

„Романтичарите“ ќе ги започнат подготовките во пресрет на новата сезона на 11 јуни, а потоа ќе заминат во Бугарија на покана на Славија Софија.

Веднаш потоа Работнички ќе се упати на централни подготовки за настапите во Лигата на Европа кои ќе бидат одработени во Терме Чатеж, Словенија.