Раиола откри колку траеле преговорите помеѓу Јунајтед и Погба


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Францускиот репрезентативец, Пол Погба ова лето се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед за неверојатни 105 милиони евра.

    Погба стана најскапиот играч во историјата на фудбалот, но неговите преговори со „црвените ѓаволи“ не се одвивале секогаш како што треба. Агентот на Погба, Мино Раиола откри интересни детали од преговорите со Јунајтед, и октри колку тие траеле.

    „Две години преговаравме со Манчестер Јунајтед за трансферот на Погба. На крајот сфатија дека мораат да платат 105 милиони евра бидејќи не сакавме да попуштиме. Ова е сигурно најдолгиот трансфер во кој учествував. Се можеше да биде завршено во летото 2014. година, но и вака не е лошо“ изјави Раиола.

    Тој додаде дека Погба сигурно ќе ги оправда парите вложени во него, и дека во последно време започна да игра како што знае. Раиола е убеден дека Погба на „Олд Трафорд“ ќе се задржи долги години.