Ракитиќ го „стресе“ Реал Мадрид: Барселона води на „Бернабеу“ (ВИДЕО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид се соочува со големи проблеми и во новото Ел Класико против вечниот ривал Барселона, откако по првото полувреме губи со 0-1 пред своите навивачи.

Барселона по само 26 минути поминати на теренот успеа да го „стресе“ вечниот ривал Реал, откако по одлично изградена акција, Иван Ракитиќ најде простор и ја затресе мрежата на Тибо Куртоа.

Ова дефинитивно не се добри вести за „кралевите“, кои се соочуваат со нов пораз од Барселона, откако пред неколку дена беа декласирани во шпанскиот Куп и тоа на домашен терен со 0-3.

Сантијаго Солари ќе има многу работа на полувреме со своите фудбалери за да промени нешто во вториот дел, инаку би можел да ја загуби работата по денешниот меч.