Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракитиќ воодушеви со својата игра на Светското првенство, а позади себе имаше и одлична сезона во Шпанија, па поради ова се појавија многу клубови кои сакаат да го видат во своите редови.
Најупорен беше ПСЖ, па челниците на тимот беа спремни да ја активираат клаузулата, меѓутоа Ракитиќ после разговор со тренерот на Барса одлучи да остане на Камп Ноу.
„Горд сум што можам да продолжам во Барса. Не постои тим во светот кој може да ми даде повеќе од Барселона и не се работи за пари. Го послушав своето срце и сопругата, а ми помогна и Валверде да ја донесам правата одлука“, истакна Ракитиќ, кој додаде дека не би му било лошо доколку добие поголема плата.
„Искрено, на некој не би му било лошо, доколку добие зголемување на платата. Се надевам дека претседателот наскоро ќе ме повика“, изјави Ракитиќ во интервју за каталонски Спорт.