Ракометарките со фантастична игра до лесна победа против Египет!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ракометната репрезентација на Македонија со 26-21 го победи Египет во последниот натпревар од групата Б, кој немаше апсолутно никакво резултатско значење за нашите ракометарки.

Ракометарките уште вчера го обезбедија пласманот во полуфиналето на Медитеранските игри, па ова беше само „загревање“ пред вистинските предизвици.

Македонија добро го отвори натпреварот и веднаш почна да ја зголемува предност, која достигна и до осум гола разлика.

Со победата македонските ракометарки го потврдија второто место во групата со девет бода.