Рамос: Зошто никој не се сети дека моите деца добиваа смртни закани?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Репрезентацијата на Шпанија ја победи Англија со 2-1 во Лигата на нации.

Во центар на внимание беше капитенот на гостите, Серхио Рамос, кој доби жестоки свирежи од англиските навивачи, а новинарите му кажаа дека тоа е поради повредата на Мохамед Салах.

„Повторно ќе зборуваме за тоа? Не ме интересираат навивачите затоа што навикнав на вакви работи, но ме нервира фактот што тоа не го гледаат од друг агол. Би сакал малку да размислат како мене зашто никој не помислува на тоа дека јас и моето семејство добивме смртни закани“, кажа Рамос.