„Рафа е таков што може слободно да го испратите во војна!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Бугарскиот тенисер Григор Димитров вели дека Дани Валверда е еден од главните причини за неговите подобри резултати во втората половина на годината.

    „Тој е еден од тие луѓе кои сакаат да работата, неговата работна навика е фантастична.“

    Димитров стигна до ½-финале во Синсинати, Ченгду и Стокхолм, а до 1/4-финале во Торонто и 1/8-финале на УС Опен.

    Најважна победа Димитров направи во Пекинг, кога го победи Надал со 6:2 и 6:4.

    „Мислам дека можам да се поврзам со него по начин на кој се однесува тој на теренот, по тоа каква му е биографијата и по борбениот дух. Рафа е голем работник, можете во било кој момент да го испратите во војна.“

    Зборувајќи за целите во кариерата, 18-от тенисер во светот нагласи дека сака да освои Грен Слем титула и да биде прв на АТП листата.