Реал Мадрид немаше среќа, Барселона го договори првото летно засилување?

Екипата на Барселона наводно го договорила првото засилување за летниот преоден рок.

Според „Мундо Депортиво“, нов член на Барселона ќе стане 21-годишниот бразилски играч за врска Артур Мело, кој со Барселона се поврзува веќе неколку месеци.

Младиот фудбалер во дресот на Гремио го привлече интересот на европските гиганти. Интересот за него е навистина голем, но по се изгледа дека Барселона договори се.

„Мундо Депортиво“ тврди дека договорот е блиску, а остануваат само некои детали да се договорат и од наредното лето Мело ќе го гледаме во каталонскиот клуб.

Претходно овој фудбалер се поврзуваше и со Реал, но очигледно Барселона победи во оваа битка.