Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала сигурно ќе биде една од најголемите мети во летниот преоден рок следната година.
За заминувањето на Дибала се шпекулира веќе неколку месеци, а покрај Манчестер Јунајтед нов клуб кој се интересира за него е Реал Мадрид. Како што пишуваат шпанските медиуми Дибала веќе наредното лето би можел да го промени клубот и да ја продолжи кариерата на „Бернабе“.
Како што пишува „Марка“ Реал Мадрид е заинтересиран да го донесе фудбалерот на Јувентус како замена за Герет Бејл кој речиси сигурно ќе го напушти клубот. Наводно од „Кралскиот клуб“ биле подготвени да испратат понуда во која ќе го вклучат Тони Крос плус 80 милиони евра.