Реал Мадрид подготвува „бомба“: Перез сака искусен напаѓач и ќе бира помеѓу – Ибра и Фалкао!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Актуелниот европски шампион Реал Мадрид сака да донесе искусен напаѓач, па во моментов ќе бира помеѓу двајца фудбалери.

Шпански „Спорт“ пишува дека „кралевите“ решиле да го „освежат“ нападот со искусниот Швеѓанец, кој настапува за Лос Анџелес Галакси.

За оваа опција се шпекулира уште од октомври, а освен него Реал го сака и Радамел Фалкао од Монако, кој сака да замине од кај „кнезовите“.

Да потсетиме, Реал на 12 натпревари постигна само 20 голови, односно 14 помалку од Барселона, па сега мора нешто да преземе.