Реал Мадрид посакува играч на Манчестер Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


РМЦ Спорт пренесува дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал.

Французинот има договор со „ѓаволите“ до 2019 година и се уште го нема продолжено истиот. Марсијал е еден од најдобрите играчи на Јунајтед оваа сезона иако игра доста променливо и голем дел од натпреварите ги започнува од клупата за резервни фудбалери.

Интересно е што за потписот на 22 годишниот играч ќе се борат и Тотенхем и Интер, а со сигурност трката ќе ја води неговиот актуелен клуб кој сака да го задржи во своите редови.